Членoт на претседателство во Српска Напредна Странка во Македонија (СНСМ) и Претседател на СНСМ Град Скопје, Петар Милетиќ сподели објава која вели:
Македонија полека, но сигурно ја губи својата државност. Жал ми е што го кажувам ова, но тоа е реалноста. Ниеден политичар од македонскиот блок не реагираше на вчерашната прослава – Денот на албанското знаме.
Зарем не е ова брутално што ѝ се случува на една држава и на еден народ?Има ли овде некој што ќе каже „доста е“ без празни флоскули и лажен патриотизам?
Се знае како се слави – постојат правила и протоколи.Ако сакаат да прослават, нека се соберат во сала или на место каде собирот е пријавен, нека го истакнат и македонското државно знаме покрај албанското и нека прослават културно.
Но македонското знаме мора да се вее, затоа што така вели законот.За нив, изгледа, законот не важи. Без пријава во полиција можат да блокираат цели градови и главни булевари, а државата мора да молчи и да гледа. И потоа еден ден ќе гледаме како се одцепува поголем дел од западна Македонија. А Албанците во останатите делови на државата ќе продолжат да ги уживаат истите права и ќе се случува истото што се случува денеска – се додека Македонија не исчезне.
Во Македонија мора да се воспостави ред – не со зборови, туку со дела.И верувам дека тоа ќе стане неизбежно. И мислам дека многу скоро ќе почне тој процес.
