РК Вардар доби гигантско засилување од спонзор – истиот кој што е и на КК Црвeна Звезда

Екипата на Ракометниот клуб Вардар ја очекува нов натпревар на меѓународна сцена во рамки на Европска лига.

„Пред утрешниот натпревар од Лига Европа, во посета на нашите ракометари, беше македонскиот Амбасадор во Хрватска, г-дин Драган Ѓурчевски.Нашиот тим, веќе е во Сесвете, и се подготвува за утрешниот натпревар“, објавија попладнево од РК Вардар.

Но еден детал посебно ни влезе во очи, а тоа е што на дресот кој го подарија, односно на задниот дел на грбот се наоѓа нов спонзор.

Станува збор за српскиот гигант, односно банката Алта Банка која неодамна влезе и на македонскиот пазар откако ја купи Стопанска Банка А.Д. Битола.

Инаку оваа компанија исто така е и спонзор на КК Црвена Звезда и стои на истото место на дресот, на грбот на нивните дресови.

Дресот на кој што стои името на новиот спонзор може да го погледнете тука.