Нешто се подготвува! Американците ги предупредија своите граѓани: Веднаш напуштете ја оваа држава

Амбасадата на САД во Иран, која работи онлајн бидејќи САД немаат претставници во блискоисточната земја, ги повика американските граѓани да ја напуштат земјата „веднаш“ доколку е можно и да имаат план за заминување кој не се „зависи“ од помошта на американската влада.

„Протестите низ Иран ескалираат и би можеле да станат насилни, што ќе резултира со апсења и повреди. Во тек се зголемени безбедносни мерки – затворање на патишта, прекини во јавниот превоз и исклучување на интернетот. Иранската влада го ограничи пристапот до мобилните, фиксните и националните интернет мрежи. Авиокомпаниите продолжуваат да ги ограничуваат или откажуваат летовите до и од Иран, а неколку ја суспендираат услугата до петок, 16 јануари“, се вели во безбедносното предупредување објавено утрово, според „Гардијан“.

На американските граѓани им се советува и да избегнуваат демонстрации, да бидат незабележливи и да размислат да го напуштат Иран „по копно“ кон Ерменија или Турција.

Десетици летови до и од Иран се откажани поради ескалацијата на протестите против иранската влада, објавија денес американските медиуми.