Голема поддршка од општинските организации од истокот: Сања Лукаревска во ИЕ 3 оди на голема и историска победа за СДСМ

Вечерва на Когрес на СДСМ, официјално се потврдени носителите и ко-носителите, како и кандидатските листи со кои владејачката партија ќе трча на изборите на 8-ми мај.

Сања Лукаревска, заменик-претседател на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи е носител на пратеничката листа во третата изборна единица. Зад неа е и Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Иако за многумина изненадување, овој потег на раководството на партијата веројатно е одличен, затоа што веднаш на социјалните мрежи може да се забележи поддршката која ја доби Лукаревска од општинските организации на партијата во истокот односно изборната единица 3.

Во продолжение и став од повеќе членови преку социјалните мрежи:

-Одиме на голема и убедлива победа во ИЕ3, со Сања Лукаревска друго и немаме како опција, време е државата да тргне напред по европскиот пат!, – стои во еден коментар.

Друг пак вели:

-Жена, од жените многу може да се научи. Таква е Сања Лукаревска, добра, фина и секогаш професионална. Повеќе и нема сомнеж дека сме на вистинскиот пат, а тој пат е Европа и победа за СДСМ на изборите на 8ми мај.

-Браво за изборот, но и браво за храброста Сања да дојде на „верниот исток“. Ние пак ќе бидеме верни кон неа и заеднички ќе донесеме победа на нашата СДСМ, пишува трет коментар.

-Во ИЕ3 битката ќе се бие помеѓу симболот за криминал претставен преку името на Ковачки и симболот за праведност и правичност преку Сања Лукаревска, стои во друг коментар.

-Храбро, со чист образ, чесно, искрено и силно продолжуваме напред со Сања ! Наместо темнина и криминал со ликови како Ковачки, Истокот избира лица со план за европска иднина, лица кои го имаат докажано тоа, знаат и можат да работат чесно и државнички со јасна визија земјата да ја носат напред! И граѓаните на 8 ми Мај ке кажат: Нема откажување од иднината!, вели во својата објава истакнат член на СДСМ.