Распад систем на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка: На избори вечно одат со една фамилија – кандидатот на недобитна позиција

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на седница на Централниот комитет ги усвои пратеничките листи, со кои на изборите на 8-ми мај ќе се обиде да дојде до поволен резултат.

Големи негодувања има од членовите, но и раководствата за самите листи, кои се претставени како „нови“, а на истите има дури 36 пратеници од актуелниот пратенички состав на партијата.

Една од општините каде има најголем револт е Крива Паланка, каде членството е незадоволно што повторно е кандидиран Емил Спасовски, кој е „вечен“ односно само тој и неговата блиска фамилија се наоѓаат на кандидатските листи. Неговиот дедо (татко на сопруга) Арсенчо Алексовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беше кандидат за градоначалник во 2004г, 2009г, 2013г и 2017 година. За потоа, Емил Спасовски (зетот во фамилијата) да стане носител на советничка листа во 2021 година, а сега и кандидат за пратеник во 2024 година.

Револтираните членови на партијата прашуваат дали само една фамилија во Крива Паланка вечно ќе добива кандидати и дали токму поради тоа партијата бележи се поголем пад и ги губи своите членови во Крива Паланка и околината.

Но, покрај незадоволните членови и симпатизери, незадоволни се и од раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка, затоа што на листата во Изборната единица 3, нивниот кандидат, Емил Спасовски го доби 13-то место, што значи и недобитно или во превод четири години без пратеник ќе остане ДПМНЕ во Крива Паланка.

Од она што може да се забележи, се појасно е дека ВМРО-ДПМНЕ „кренале раце“ од Крива Паланка, свесни за поразот кој ги очекува.