(ФОТО) Судот потврди: Драган Ковачки лажел со цел да го наруши угледот на Славјанка Петровска, таа порача – Не сакам оштета од нечесник

Актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска преку социјалните мрежи информираше дека Основниот граѓански суд во Скопје донел одлука, со која се утврдило дека Драган Ковачки, моментален носител на ИЕ 3 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ искажал невистини и лаги, со цел да го наруши нејзиниот углед и честа во очите на јавноста.

Еве го целиот текст и фотографии како доказ од Петровска:

-Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста.

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки.

Како што кажав и на почетокот во медиумите: “Пари од нечесник не сакам” и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест.

Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа.